Кога е вистинско време да го вработите вашиот прв работник

24

vraboten

Фото: Pixabay

Доаѓа време кога секој сопственик на бизнис се прашува дали е сега вистинскиот момент да вработи уште еден во компанијата. Дали тоа ќе помогне или ќе биде само непотребен трошок?

Секоја работа, односно секој потфат има и добри и лоши страни. Сепак, ниеден бизнис не го достигнал својот целосен потенцијал само со еден вработен. Без разлика дали барате нов работник само за да смените нешто во работата, новите идеи можат да ви помогнат на неочекуван начин.

Од друга страна пак, треба многу внимателно да се размисли дали е дојден вистинскиот момент и колку е потребна промена од ваков калибар.

Лоши страни

Цената на полното работно време

Вработените со полно работно време се скапа инвестиција. Од самото вработување и обуката, до потребните алатки за работа треба да се пресметаат трошоците за секој сегмент. Дури и ако сте цврсто убедени дека уште еден вработен ќе му помогне на вашиот бизнис, треба прво да сте во состојба да си го дозволите.

Поевтини опции

Дали како прво имате доволно работа за нов вработен? Дали постои можност да се префрлат истите задолженија на надворешна агенција или надворешен асистент? Ако не можете да испланирате барем 20 работни часови за уште еден човек најверојатно не ви треба.

Опасност за бизнисот

Вработување на погрешен работник може сериозно да му наштети на бизнисот. Најдоброто сценарио е вработување на личност на којашто сте потрошиле време и пари, а не сакала/не можела да ја заврши работата како што треба. Тогаш давате отказ и продолжувате понатаму. Но, има и полоши сценарија, вработени што крадат, саботираат и тужат. Затоа, добро проверете сè за личноста што планирате да ја вработите.

Добри страни

Поделени обврски

Кога имате уште еден до вас можете да ги распределите обврските на двајца/две. Можеби новиот вработен одлично ќе се снајде со задачите што вие долго време ги одложувавте или ќе ги преземе помалку значајните обврски за да се фокусирате на она што е најважно.

Нови видици

Искусен работник во своето поле може и да ве научи на неколку нови работи и да помогне во развивање на бизнисот. Еден програмер или веб дизајнер, на пример, ќе овозможи компанијата добро да се промовира онлајн, или пак еден слаткар ќе даде нови вкусови во досегашниот ваш кетеринг.

Друго гледиште

Две глави (или повеќе) размислуваат на различен начин, имаат различни идеи и гледишта на нештата. Не секогаш тоа што го мислиме е најправилно и соодветно. Добро е да се разгледаат повеќе страни, па потоа да се донесе одлука, мала или голема.