Кога и како да побарате поголема плата?

43

Фото: Pexels

Сигурно сте биле во ситуација да барате унапредување и поголема плата, а веројатно е дека не сте наишле на позитивен одговор. За тоа да не биде така и следниот пат, погледнете како треба да постапите

Не треба…

  • Да зборувате за тоа кои се вашите потреби. Тоа секако дека е важно и човечки. Но, вашите потреби се зголемуваат доколку имате деца, кредити или заостанати сметки за плаќање. Сепак, кај некои шефови ова би требало да го прескокнете.
  • Да се споредувате со вашите колеги. Тоа секако е битно. Но, ако само се споредувате себеси со другите кога барате поголема плата, тоа нема да има ефект. Тоа што е важно е кои сте вие, што сте постигнале, кои вредности сте ги донеле во компанијата. Кога се работи за зголемување на плата, главна тема треба да бидете вие.

Треба…

  • Да станете најдобри во вашиот сектор. Не трудете се да бидете добри, туку одлични. Бидете толку посебни, така што сите ќе знаат дека се истакнувате.
  • Бидете личност која доаѓа рано на работа и веднаш почнува да работи. Немојте да одолвлекувате, бидете пример на другите како треба да се работи.
  • Бидете личност која ги решава проблемите, а не ги обвинува другите за истите. Многумина укажуваат на проблемите, но ретко кој прави напор да ги реши.
  • Преземете си нови обврски. Најголемиот дел од луѓето чекаат зголемување пред воопшто да размислат да работат повеќе. Паметниот пристап е да работите повеќе и така да заработите повеќе пари.

Ако направите сè што е е потребно тогаш разговорот за поголема плата ќе биде лесен и нема да има игри и лажни ветувања. Сè ќе си дојде на свое место, вашиот претпоставен ќе знае дека сте одличен работник пред воопшто да влезете во неговата канцеларија за да разговарате.