Кога ќе биде крајот на војната во Украина: Еве што вели ММФ

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) објави две можни економски сценарија за Украина, од кои произлегува дека војната во оваа земја би можела да заврши кон крајот на следната година или кон средината на 2026 година.

Основното сценарио претпоставува дека војната во Украина ќе заврши до крајот на 2025 година, додека негативното сценарио предвидува дека конфликтите ќе продолжат до средината на 2026 година, што значително ќе влијае на економската стабилност на земјата.

Според основното сценарио, БДП на Украина се очекува да порасне за четири отсто во 2024 година, додека инфлацијата ќе се зголеми на десет отсто поради фактори како што се растот на цените на храната и падот на вредноста на украинската гривни, пишува Киев Индипендент.

За 2025 година, украинскиот БДП се предвидува да расте во опсег од 2,5 до 3,5 проценти, што ги одразува подобрените енергетски капацитети и зголемениот приход поради намалувањето на ценовните притисоци.

Негативното сценарио предвидува подолга војна и подлабоки економски шокови во Украина, побавно економско закрепнување, повисока инфлација и фискален дефицит кој ќе надмине 20 отсто до 2026 година.