Кога не треба да се извинувате на работа

2

izvinuvanje

Фото: Pixabay

Постојат одредени ситуации кога зборот извини едноставно нема смисла и значење во разговорот или молбата упатена кон некого. Еве неколку од нив.

Кога всушност и не го мислите тоа. Секој може да забележи кога не сте искрени, кога вашето извини зрачи со сарказам или кога се обидувате да се извлечете од некоја ситуација. Зачувајте го извинувањето за моментот кога навистина ќе го мислите тоа.

Кога нема никаква причина за извинување. Ако сте можеби една од оние личности кои го често без вистинска потреба го користат овој збор само за да пополнат некаква празнина во разговорот или да изгледаат што пољубезни, вистинско време е да престанете да го правите тоа.

Кога не жалите за ништо. Да се биде верен и доследен на своите принципи и верувања е добра особина и нема потреба да се извинувате ако она што го велите е всушност вашиот став за одредена работа.

Кога сакате да се извлечете со извинувањето. Ако ја користите фразата “Извинете што не… моја грешка” и се обидувате со тоа да се извлечете од ситуацијата можете да добиете негативни поени на работното место и лош епитет.

Кога давате отказ. Ова е една од ситуациите кога навистина не жалите за ништо и зборот извинете напразно го употребувате. Вие сте всушност среќни што сте добиле подобра понуда и не чувствувате никакво жалење поради тоа.

Кога не сте поврзани со причината за проблемот. Зачувајте го извинувањето кога ќе бидете целосно инволвирани во нешто што (не) сте направиле. Тогаш зборот ќе биде многу поефикасен.

Кога сте вклучени во дебата и не се согласувате со нечие мислење. Во овој случај нема потреба од извинување. Вие едноставно не го поддржувате ставот на соговорникот и тоа е ваше право на мислење.

Пред да побарате услуга од некој. Многумина го користат овој збор пред да замолат за нечија услуга. На пример многу подобро е кога ќе пристапите со пофалба за нивните способности, па потоа да побарате помош од колегите.