Кога понудата за работа е премногу добра за да биде вистинита

176

Експерти за кариера откриваат потенцијални знаци за предупредување дека понудата што ја добивте за работа е премногу добра за да биде вистинита.

По долгиот период на пребарување, аплицирање и разговори, конечно воздивнувате кога ќе добиете понуда за работа.

Ако сте “тазе“ дипломирани или со минимално работно искуство, а компанијата ви нуди плата над очекувањата, можност за повремена работа од дома, бесплатни патувања… можеби би требало да ја преиспитате одлуката да работите таму.

Имајте ги на ум нејаснотиите, вербални договори, прерано барање за ваши лични податоци, бидејќи компанијата можеби е лажна или пак да има токсична работна средина.

За да не бидете измамени внимавајте на овие знаци:

Бидете внимателни ако понудата за плата превисока. Тоа може да биде знак дека никој не ја сака таа работа или има токсична работна средина.

Вербални ветувања без документ, се знак за тревога
Чувајте се од компании кои даваат усни ветувања, а не на писмено.

Нејасни детали за вашите одговорности, може да бидат знак на нестабилност.

Ако немаат одговори на вашите прашања станува збор за нестабилна и неорганизирана компанија.

Ако немавте формално интервју повторно разгледајте ја понудата.

Формалните разговори лице во лице ќе ви овозможат да ги насетите намерите и работната средина во компанијата.

Ако процесот на интервјуирање брзо помине, тоа би можело да значи дека фирмата е очајна.

Затоа, пред да ја прифатите работата, проверете дали компанијата има добра репутација. Ако интуицијата ви вели да бидете внимателни, следете го чувството.

Фото: Pexels