Кога треба да ги игнорирате колегите од работа

144

Дури 98% од работниците тврдат дека колегите ги прекинуваат во нивната работа во работното време. Според психологот Улрика Леонс, сите тие брзи прекинувања може да бидат деструктивни за вашиот деловен напредок. Порталот Bright Side во разговор со Леонс дојде до одговорот зошто би требало да ги игнорираме колегите од работа.

Зошто сте уморни по работа?

Канцелариската работа бара висока концентрација за извршување на одредени задачи. Ова може да биде прилично тешко ако сте опкружени со колеги кои од време на време приоѓаат до вашето работно биро и сакаат да ве прашаат нешто.

Прашањата кои колегите ви ги поставуваат може да бидат различни и не мора секогаш да бидат поврзани со работата, но резултатот е секогаш ист. Вие ја губите концентрацијата и се чувствувате како цел ден ништо да не сте работеле.

Вистинската цена на прекинувањата

Според Леонс, кога некој ќе ве прекине среде работа, по прекинувањето може да ви бидат потребни од пет до 25 минути за повторно да се фокусирате на вашата задача. Освен тоа, потребно е многу енергија постојано да се префрлате од задача на задача. Затоа и се чувствувате преморено на крајот на денот. Мора да се сетите каде сте застанале со работата и да почнете одново да работите, што отприлика одзема 84 минути на ден.

Како да се справите со прекинувањата?

Канцелариските работници ги користат овие методи. Некои ја затвораат вратата за да покажат дека се фокусирани на работата. Има и такви кои доаѓаат или си заминуваат подоцна за да ја завршат работата.

Исто така, можете визуелно да го блокирате работниот простор (на пример, да спуштите ролетни) за да не мора да гледате кога другите стануваат, излегуваат на пауза или одат по кафе. Можете да се договорите со колегите за време на работниот ден да одредите фиксно време кога сите ќе се фокусираат на работа и нема да поставуваат непотребни прашања.

Фото: Pexels