Корисниците на веб страната за букирање на патувања, Skyscanner, ја изгласаа холандската авиокомпанија KLM како најдобра авиокомпанија во Европа, кога станува збор за понуденото мени за време на долгите летови.
KLM нуди четири бизнис класа менија кои ги менуваат неделно, економска класа сендвичи со органски леб, чинии, чаши и прибор за јадење изработен од холандскиот дизајнер Марсел Вандерс.
Прогласувањето за авиокомпанија која нуди најдобра храна доаѓа по само два месеци откако Skyscanner започна да служи мени изготвено од холандискиот готвач одликуван со Мишелин ѕвезда, Ричард Екебас.
Од декември 2012, па се до септември 2013 патниците од светската бизнис класа ќе можат да вкусат срнечко месо или бакалар со кари во сос од кокос и зелен лимон, класични француски јадење со мал азиски шмек, велат од авиокоманијата.
Еве како се рангирани авиокомпаниите според понуденото мени за време на летовите:
Топ 5 авиокомпании со ниска цена на храната:
1. Pegasus (Tурција)
2. Flybe (Велика Британија)
3. Monarch (Велика Британија)
4. easyJet (Велика Британија)
5. Vueling (Шпанија)
Top 5 во категоријата на кратки дестинации:
1. SAS
2. Lufthansa
3. Turkish Airlines
4. British Airways
5. Aeroflot (Русија)
Top 5 менија во категоријата на долги дестинации:
1. KLM
2. Aeroflot
3. SAS
4. Air France
5. British Airways