Кои европски земји имаат најдобри, а кои најлоши патишта – како стои Македонија

123

Квалитетот на патната инфраструктура во Европа варира многу, и оваа тема често предизвикува дискусии во медиумите. Има повеќе истражувања за квалитетот на патиштата во земјите на Стариот континент.

Податоците за ранг листата доаѓаат од “Глобалниот извештај за конкурентност на Светскиот економски форум за 2019 година“, во кој беа оценети 141 земја, а темите беа различни.

Во истражувањето учествуваа 12.987 менаџери од различни индустрии, кои одговорија на 78 прашања, вклучувајќи го и квалитетот на патната инфраструктура во нивната земја. Ним им беше понудено да го оценат тој квалитет од 1 (крајно лош) до 7 (исклучително добар).

Резултатот од истражувањето е оваа карта која дава широк преглед на квалитетот на патиштата во Европа, а на неа јасно може да се види поделбата исток-запад.

Многу поранешни советски држави и земји во Источна Европа се под оценка 4. Во западната половина на Стариот континент, повеќето земји постигнуваат резултати над 4, па дури и над 5.

Холандија ги има најдобрите патишта во Европа (резултат 6,4), следена од Швајцарија (6,3). Овие две земји ги заземаат позициите 2 и 3 на глобалната листа, а пред нив е само Сингапур, кој ги има најдобрите патишта во светот.

Каде е Македонија на листата

Што се однесува до земјите од регионот, најдобри патишта има во Хрватска, која го зазеде високото 6 -то место со оценка 5,6, додека Словенија е 15 -та со оцена од 4,9. Црна Гора е на 30 -то место со оценка од 3,9. Северна Македонија е на 35 -то место и е оценета со 3,4. Босна и Херцеговина е претпоследна, 39 -та со многу ниска оценка од 2,8.