Кои градови во светот се нај bike – friendly?

46

Bike – friendly претставува поим што означува одреден град, место, област… што во целост е прилагодена на потребите на велосипедистите. Предвид се земаат сите услови што им се потребни на велосипедистите, како и комплетно развиена велосипедска инфраструктура ( велосипедски патеки, обележани места за движење, безбеден паркинг за велосипеди…).

Како град што најмногу обрнува внимание на возењето велосипед и условите што се неопходни за непречено движење со миленикот на две тркала е Копенхаген. Податоците велат дека 62% од жителите на овој град до работа или на училиште одат токму со велосипед. Се верува дека жителите на данската метропола дневно поминуваат над милион километри со велосипед. Инвестициите во велосипедската инфраструктура во овој град е околу 45 долари по глава жител.

Амстердам е на второ место според развиена култура и инфраструктура за возење велосипед. Бидејќи постојано се зголемува бројот на велосипедисти, во холандската престолнина се прават таканаречени “кралски патеки“.

Меѓу 10-те најпријателски градови за велосипеди и велосипедисти се најдоа и: Јутрехт (Холандија), Антверп (Белгија), Стразбур (Франција), Бордо (Франција), Осло (Норвешка), Париз (Франција), Виена (Австрија) и Хелсинки (Финска).

Фото: Pexels