Истражувањето спроведено од NordLocker покажува кои индустрии најчесто се цел на рансомвер напаѓачите. Тие анализираа повеќе од 1.200 компании кои беа жртви на овие напади во 2020 и 2021 година.
На врвот на листата се градежните компании кои во 93 случаи биле жртви на напади. По нив следуваат производствени компании (86 случаи), финансиски институции (69 случаи), здравствени установи (65 случаи) и образовни институции (63 случаи). Меѓу жртвите не се само големите организации, како што се глобалните хотелски синџири, големите конгломерати и светски познатите компании за облека, туку и малите семејни компании, како што се рестораните или стоматолошките ординации.
Најмногу напади извршила хакерската група Conti (450), потоа REvil (210 напади), DopplePaymer (200 напади) и PYSA (188 напади). Најпогодени од овие напади се САД (во 732 случаи), Велика Британија (74 случаи), Канада (62), Франција (58) и Германија (39 случаи), пренесува порталот Pcpress.rs.