Кои карактеристики треба да ги поседува добриот ментор?

250

svetlo

Фото: Pixabay

Добрите ментори треба да ги знаат предностите и слабостите на претприемачот за да можат да советуваат во согласност со неговите/нејзините можности.

Желба да помогне

Менторот, првенствено, треба да биде личност која е заинтересирана за бизнисот на претприемачот и сака да помогне.

Искуство

Тој/таа треба да има искуство на тоа поле. Доколку и самите имале позитивно искуство со ментори, шансите добро да го пренесат знаењето и вештините се поголеми.

Добра репутација

Никој не сака ментор со лоша репутација. Добриот ментор треба да биде познат по своите добри дела.

Време и енергија

Покрај желбата да помогне менторот треба да има време и енергија за да се посвети на вас и вашиот бизнис.

Добро совладани вештини и знаења

Менторот мора да биде во тек со технолошките достигнувања и да ги има совладано потребните вештини и знаења без кои не би можело да се функционира во светот на бизнисот.

Умешност истите да ги демонстрира

Знаењата и вештини би биле бесполезни доколку менторот не умее добро да ги презентира на претприемачот.  Тој/таа треба првенствено да знае да го води претприемачот преку коучинг, советување и мрежни вештини (networking).

Став за учење

И покрај тоа што менторот на еден начин го учи претприемачот и самиот треба да има желба и позитивен став за учење и сопствено надградување.

Трпение

Доколку менторот нема трпение да ги ислуша идеите, целите, потребите и грижите на претприемачот, самото менторство нема да биде ефективно. Трпението е повеќе од потребно особено кога претприемачот за прв пат го осознава светот на бизнисот.

Доверливост

Врската помеѓу менторот и претприемачот се темели на доверба и меѓусебно почитување. Понекогаш патот до успехот може да биде многу трнлив, па затоа менторот треба да влева чувство на сигурност кај претприемачот.