Кои ќе бидат најголемите добитници од воведувањето на еврото во Хрватска?

117

Хрватска може да го воведе еврото најрано на 1- ви јануари 2023 година, а компаниите извозно ориентирани во таа област може да имаат најголеми предности.

Ова беше речено на конференцијата “Едноставно за еврото“, организирана од студентското здружение Финансиски клуб во Загреб.

“Дали Хрватска ќе влезе во еврозоната на 1- ви јануари 2023 година или година или две подоцна, зависи од тоа кога ќе ги исполниме номиналните критериуми за конвергенција“, рече гувернерот Борис Вујчиќ, потсетувајќи дека Хрватска се приклучи на Европскиот монетарен механизам II (ERMII) минатото лето, пренесува Пословни.

Гувернерот истакна дека ERM II бара од членовите да поминат најмалку две години во рамките на механизмот. Ако успее да ги задоволи номиналните услови на конвергенција, т.н. Критериуми од Мастрихт – стабилен курс, стабилни каматни стапки, буџетски дефицит и ниво на јавен долг, земјата во ERM II може да помине неограничено време.

Тој се осврна на истражувањето дека граѓаните, при воведување на еврото, најмногу се плашат од пад на стандардот заради зголемувањето на цените. Истражувањата во земјите што го воведоа еврото покажуваат дека тоа не е оправдан страв.

Министерот за економија Томислав Чориќ рече дека потенцијално најголемите добитници од воведувањето на еврото би можеле да бидат извозниците, со оглед на исчезнувањето на валутниот ризик. Тој посочи дека воведувањето на еврото не е цел само по себе, туку многу добра алатка за долгорочен економски раст и развој.

Фото: Pixabay