
Најпопуларната европска дестинација меѓу туристите од целиот свет, според новото истражување, е Санторини.
На второ место е Ибица, а бронзата ја зема Тенерифе. Хрватска и Хвар се најдоа на високото 12 место од 185 земји, а на листата се најдоа и неколку грчки дестинации.
Сегашните податоци се создадени со проучување на податоците на Google во последните 12 месеци во 185 земји, пренесува Pun Kufer.
Санторини е на врвот на листата потпишана од британската туристичка агенција CV Villas. Санторини е познат како еден од најубавите и најживописните грчки острови.
Најпопуларните места за одмор во Европа
Санторини, Грција
Ибица, Шпанија
Тенерифе, Шпанија
Сицилија, Италија
Крф, Грција
Кос, Грција
Анталија, Турција
Сардинија, Италија
Миконос, Грција
Крит, Грција
Мајорка, Шпанија
Хвар, Хрватска
Тоскана, Италија
Закинтос, Грција
Ланзароте, Шпанија
Бодрум, Турција
Алгарве, Португалија
Фото: Pixabay











