Кои особини треба да ги поседуваат лидерите на модерното време?

42

lider

Фото: Pixabay

Во повеќето најмоќни компании на денешницата, кариерата на вработените не трае 30-40 години како што било случај во минатото. Со самото тоа се намалува и периодот што им е потребен на младите луѓе да се искачат на “врвот на пирамидата”.

Денес е се поголем број на релативно млади луѓе кои стојат на чело на компаниите, а регрутацијата на таленти започнува уште на факултетите. Но, да се биде лидер во денешните корпорации не е исто како што било порано.

Фигурите кои од сенките ги влечат конците и не комуницираат со обичните смртници се само сеќавање од минатото. Лидерите на новото време се во постојана интеракција со своите вработени, со цел да ги мотивираат со сопствениот пример што подобро да ги завршуваат работните задачи.

Потенцијалните лидери веќе не се бираат само според академските успеси. Денес значајно место заземаат и нивните социјални вештини, а оние “родени” водачи се најбараните “производи” на пазарот.

Со какви методи се служат компаниите при селекцијата на големиот број млади луѓе, штотуку излезени од академските клупи?

Амбицијата, ставот и вродениот талент се еднакво важни како оценките во индексите. Идните лидери треба да имаат голема самодоверба и големи амбиции. Сепак, желбата за слава и да се биде центар на внимание не се пожелни карактеристики.

Тренирање на некој спорт или искуство со волонтирање додаваат уште еден плус во биографијата на кадидатот.

Подготвеноста да се преземе одговорност и кога нештата не одат по замислениот план, да се “засукаат” ракавите, а не само да се зборува во празно, се особини кои модерните лидери треба да ги поседуваат, или да се стремат кон нив.

Големо внимание се посветува на реакциите на поединците во кризни ситуации, способноста да се признае својата грешка и да се сфати поразот како школо, без притоа да се драматизира.

Но и покрај се понекогаш е тешко да се препознаат вистинските таленти.  Немањето на искуство е причина за трема на интервјуата за работа, како и несигурност во првите денови поминати во канцеларија. Токму поради тоа потенцијалот на младата личност често останува скриен.

Но, добро е тоа што на некои млади луѓе едноставно им треба само еден охрабрувачки збор или да поминат празен од за да се прилагодат на новата околина и да го покажат својот полн потенцијал.