Цените на земјоделските производи во ЕУ се зголемени за 17 отсто во првиот квартал годинава во однос на истиот квартал од 2022 година, објави Евростат.
На годишно ниво најмногу поскапеле јајцата – за 60 отсто, оризот за 51 отсто, а маслинките за 49 отсто.
На зголемувањето на цената на јајцата влијаеше ограничениот извоз на жито од Украина, како и појавата на птичји грип во Белгија и Холандија.
Цените на земјоделските производи најмногу се зголемија во Шпанија и Португалија поради големите суши на Пиринејскиот Полуостров – за 33 отсто, додека Литванија беше единствената земја од ЕУ каде што цените паднаа – за 2 отсто.