Кои професии ќе бидат најбарани за 10 години?

293

Од климатските промени до урбанизацијата, постојат многу различни фактори кои ќе влијаат на начинот на кој ќе функционира светот до 2030 година, а со тоа и на пазарот на трудот. Покрај значителните поместувања на глобалниот пазар на труд во текот на следната деценија, кои се спецификите што ќе ја обликуваат иднината на работата во Европа?

Futureproof, проект на Црногорски телеком и веб апликација за откривање на идеална професија, беше развиен за да ги охрабри младите да препознаат кариера и занимања во иднината, како и да откријат вештини што можеби не знаат дека ги поседуваат, пренесува Bankar.me. Врз основа на таа апликација, еве како може да изгледа пазарот на трудот во иднина, што ќе донесе не само промени во начинот на работа, туку и во самите професии.

Миграции на население

Секоја година, сè повеќе и повеќе луѓе се селат во поголемите европски градови и  се чини дека овој тренд нема дасе промени наскоро. Всушност, Обединетите нации предвидуваат дека до 2030 година, неверојатни 4,9 милијарди луѓе ќе живеат во урбани области. Ова значи дека работите во иднина најверојатно ќе бидат концентрирани околу урбаните центри како Варшава, Берлин, Букурешт и Будимпешта.

Главната причина за овој раст е иновацијата. Според извештајот, најголемите европски градови произведуваат 55% од сите високотехнолошки патенти на ЕУ, како и 73% од вкупните стартапи.

Работниците ќе добијат поголемо внимание

Позитивно влијание, а не профитот, веројатно ќе го обликува пазарот на трудот во иднина. Фактори како што се климатските промени и социјалната правда веќе почнуваат да ги кројат нашите економии, а според неодамнешното истражување на глобалната консултантска фирма PwC, тој тренд ќе се интензивира само во следната деценија. Препорачливо е да се создаде економија во која “работниците и компаниите бараат поголемо значење, смислаи релевантност во она што го работат“.

Економијата на иднината ќе им даде приоритет на вработените. Ова значи дека практиките како што се традиционалното работно време од девет до пет ќе бидат заменети со флуидни структури, флексибилно работно време и работа на далечина. Значи, луѓето, а не профитот, ќе бидат двигател на одлуките за вработување. Работниците ќе бараат работни места што ги исполнуваат нивните потреби за подобрување на светот околу нив.

Повеќе автоматизација, но и повеќе работа

Како што компјутерите стануваат попаметни, задачите што луѓето некогаш ги извршувале, се повеќе ќе ги извршуваат машините. Автоматизацијата ќе има клучна улога на пазарот на трудот во 2030 година, но иако технологијата ќе наруши некои работни места, тоа исто така ќе создаде нови можности за квалификувани работници во Европа.

Според McKinsey, STEM работните места (оние за кои е потребно дополнително образование во наука, технологија, инженерство и математика) ќе се зголемат за повеќе од 20 %. Исто така, креативното и уметничкото управување ќе се зголеми за повеќе од 30%. Исто така, ќе има 30% повеќе можности во области како што се грижа, социјална работа и образование. Така, пазарот на трудот ќе биде отворен за квалификувани работници кои вршат работи што машините сè уште не можат да ги направат.

Најбараните од 2030 година ќе бидат:

 STEM професионалци

Здравствени и социјални работници

Наставници, обучувачи и едукатори на вработените

Професионалци во бизнис и правото

Менаџери во креативните и уметничките области

Фото: Freepik