Кои работи можат да ве чинат отказ на работното место

27

prsti

Фото: Pixabay

Одложување

Ако ги ингорирате работните задачи и секогаш чекате последен момент да ги завршите, ќе оддадете впечаток дека сте целосно дезорганизирана, незаинтересирана и непрофесионална личност. И ако тоа ваше одложување се одрази и врз работата на другите колеги, не очекувајте да ве сметаа за пријател.

Лажење

Лажењето е можеби еден од најсигурните начини да добиете отказ на работа. Било да е тоа земање заслуга за нешто што не сте го направиле, прикривање на грешки или работење зад грб, сето тоа може многу лесно да ве остави без работа.

Негативен став

Не озборувајте, не ги потценувајте колегите и надредените, не ги крадете туѓите идеи, не зборувајте лошо за компанијата. Сите негативни однесувања можат да имаат негативна последица врз вас и вашето работно место.

Губење време на социјалните мрежи

Не е пристојно да губите време на социјалните мрежи, да разгледувате онлајн понуди за одмор, шопинг или да ги прегледувате најдобрите фудбалски голови додека сте на работа. Потрудете се вашите лични интереси да ги задоволите во слободното време.

Непристојност

Колку и да сте нервозни обидете се да го скриете гневот. Не користите непристојни зборови. Исто така обидете се да изгледате пристојно, на облеката што открива малку повеќе не и е место во канцеларијата. И доколку не можете да дадете добар коментар, подобро не кажувајте ништо.

Доцнење

Ретки доцнења зад кои лежи оправдана причина се во ред. Но доколку доцнењето ви премине во навика, тоа може да ве чини многу. Сигурно не сакате да оддадете впечаток дека работата не ви е приоритет. Затоа останете професионални, доцнењата нека изостанат од вашето секојдневие.