Кои работни места станаа непожелни по пандемијата?

142

Во Соединетите Американски Држави, интересот за градежништвото и работните места во ИТ се зголеми од почетокот на пандемијата, додека интересот за грижа за децата, складирање и подготовка храна е намален.

Анализата на огласите за работа во САД од почетокот на пандемијата покажа зголемен интерес за работни места во сектори како што се градежништвото и ИТ, според веб-страницата на Светскиот економски форум. Интересот за работни места во двата сектора беше речиси 60 отсто поголем на почетокот на октомври 2021 година, во споредба со 1 февруари минатата година. Во истиот период, потрагата по работни места во областа на медиумите и комуникациите, како и во областа на развој на софтвер скокна за повеќе од 48 отсто.

Од друга страна, интересот за работни места за згрижување деца е намален (-15,2 отсто), како и за услуги за спремање храна (-18,3 отсто). Интересот за лична нега и домашно лекување (-33,3 проценти), но и за товарење и складирање (-39,8 проценти) е намален. Во исто време, бројот на огласи за работни места за товарење и складирање е повеќе од двојно зголемен во споредба со февруари 2021 година. 

Огласите за работа преку Интернет го надминаа нивото забележано пред пандемијата. Во САД има зголемување за повеќе од 50 проценти во однос на периодите пред пандемијата. Интересот за одредени работни места е силно поврзан со тоа колкава ве саатницата и можноста за вршење на работа од далечина.