Кои се 10-те најплатени извршни директори

183

Најбогатиот човек на светот е и најплатениот извршен директор во 2021 година, објави магазинот Fortune.

Илон Маск, извршен директор на SpaceX и Tesla, е на врвот на новата листа на Fortune на најплатени извршни директори од листата на Fortune 500 (500 најголеми компании).

Во 2021 година, на Маск му беа исплатени речиси 23,5 милијарди долари од користењето на некои опции за акции на Tesla доделени во 2018 година.

Покрај Маск, во првите 10 најплатени директори на Fortune 500 се и технолошки и биотехнолошки директори, вклучувајќи ги и шефовите на Apple, Netflix и Microsoft. Целосната листа е подолу.

Платата на извршниот директор значително се разликува од просечната плата на вработен. Просечниот извршен директор на една голема компанија заработувал во просек 351 пати поголема од платата на просечниот работник, според Институтот за економска политика (ЕПИ), кој ја следи метриката со децении.

Ова се најплатените извршни директори според Fortune:

1. Илон Маск, Теslа: 23,5 милијарди долари

2. Тим Кук, Apple: 770,5 милиони долари

3. Џенсен Хуанг, NVIDIA, 561 милиони долари

4. Рид Хестингс, Netflix: 453,5 милиони долари

5. Леонард Шлајфер, Regeneron Pharmaceuticals: 452,9 милиони долари

6. Марк Бениоф, Salesforce: 439,4 милиони долари

7. Сатја Надела, Microsoft: 309,4 милиони долари

8. Роберт А. Котик, Activision Blizzard: 296,7 милиони долари

9. Хок Е. Тан, Broadcom: 288 милиони долари

10. Сафра А. Катз, Oracle: 239,5 милиони долари