Кои се 10-те најпродавани модели на автомобили во Европа во јуни

69

Според податоците објавени од JATO Dynamics за 26 европски пазари, во јуни се регистрирани 1.268.683 нови патнички возила во Европа, што претставува зголемување од 13% во споредба со јуни 2020 година. Меѓутоа, покрај повисоката продажба, стапката на закрепнување на пазарот значително забави кога ќе се земе во предвид растот што беше постигнат од март до мај годинава.

Речиси 1,27 милиони продадени возила во јуни претставуваат значително помал број во споредба со 2019 година, кога во истиот месец беа продадени 1,47 милиони автомобили. Според експертите од JATO Dynamics, условите на пазарот не се идеални и целосното закрепнување е далеку, и сè уште е неизвесно дали бројот на продадени автомобили повторно ќе достигне нивоа пред пандемијата. Кога ќе се погледне вкупната продажба во првите шест месеци од оваа година, имаше раст од 27% во споредба со 2020 година, но и 23% помала продажба во споредба со 2019 година, а ова се вкупно 10-те најпродавани модели:

1.VW Golf 27.247

2.Tesla Model 3, 25.697

3.Dacia Sandero 22.764

4.Renault Clio 22.254

5.Fiat 500 22.179

6.Toyota Yaris 21.698

7.VW T-Roc 21.576

8.Opel Corsa 21.124

9.Renault Captur 20.168

10.VW Polo 18.789

Фото: Pixabay