Кои се 25-те најпосетувани страници на Википедија во 2023 година

45

Википедија ја објави својата годишна листа на 25 најпосетувани страници во 2023 година, а онаа поврзана со ChatGPT е означена како најпосетувана.

Според таа листа, оваа година луѓето ширум светот најмногу ги интересирале иновациите во вештачката интелигенција и луѓето. Постои и тренд на зголемување на корисниците од Индија, кои поставуваат некои нови трендови во бројот на посети на страници.

Википедија, водена од непрофитната фондација Викимедија, имала повеќе од 84 милијарди прегледи на страници досега во 2023 година, според податоците што фондацијата ги сподели со Си-Ен-Ен.

Ова е список на 25 најпосетувани страници на Википедија.

1. ChatGPT, 49.490.406 посети

2. Смртните случаи во 2023 година, 42.666.860

3. Светско првенство во крикет 2023 година, 38.171.653

4. Индиска Премиер лига, 32.012.810

5. Oppenheimer (филм), 28.348.248

6. Светско првенство во крикет, 25.961.417

7. Ј. Роберт Опенхајмер, 25.672.469

8. Jawan (филм), 21.791.126

9. Индиска Премиер лига 2023 година, 20.694.974

10. Pathaan  (филм), 19.932.509

11. The Last of Us (ТВ ​​серија), 19.791.789

12. Тејлор Свифт, 19.418.385

13.Barbie (филм), 18.051.077

14. Кристијано Роналдо, 17.492.537

15. Лионел Меси, 16.623.630

16. Премиер лига, 16.604.669

17. Метју Пери, 16.454.666

18. Соединетите Американски Држави, 16.240.461

19. Илон Маск, 14.370.395

20. Avatar: The Way of Water, 14.303.116

21. Индија, 13.850.178

22. Лиза Мари Присли, 13.764.007

23. Guardians of the Galaxy Vol. 3, 13,392,917

24. Руска инвазија на Украина, 12.798.866

25. Ендрју Тејт, 12.728.616