Кои се десетте најбогати Европејци

102

Богатството на европските милијардери годинава се намали и изнесува помалку од три трилиони долари,поради падот на берзите и војната во Украина

Од вкупно 2.668 милијардери, „тешки“ 12,7 трилиони долари, 592 милијардери доаѓаат од Европа на листата на светски милијардери на Форбс за 2022 година, што е помалку од 628 пред една година. Заедничкото богатство на европските милијардери падна од минатогодишниот врв од три трилиони долари на сегашните 2,8 трилиони долари.

Според Форбс, вкупниот број на милијардери во Европа и нивното вкупно богатство се намалиле во текот на изминатата година, најмногу поради остриот пад на бројот на милијардери и нивното богатство во Русија, која е погодена од санкциите поради воениот конфликт во Украина.

Така, војната во Украина, ослабената руска рубља и пониските проценети вредности на руските компании доведоа до тоа бројот на руски милијардери да падне на 83 од минатогодишните 117. Останатите руски милијардери вредат 320 милијарди долари, што е неверојатни 263 милијарди долари пред помалку од една година. Шесте најбогати луѓе во Русија изгубиле по повеќе од 10 милијарди долари, според Форбс.

Според Форбс, европска земја со најмногу милијардери годинава е Германија, со 134 богаташи со вкупна вредност од 608 милијарди долари. Франција сè уште е легло на милијардери – особено поради луксузните и модните куќи. Вкупното богатство на 43 француски милијардери е зголемено за седум отсто од минатата година и изнесува 550 милијарди долари. Шведска, земја со само 10 милиони жители, според Форбс, има 45 милијардери.

Европа без техно-милијардери

Европа е дом на третиот најбогат човек во светот, шефот на LVMH, Бернард Арно, кој со богатство од 158 милијарди долари е зад прворангираниот на листата на светски милијардери на Форбс, Илон Маск со 219 милијарди долари и вторo рангираниот Џеф Безос со 171 милијарда долари.

Франсоаз Бетанкур Мајерс од познатата куќа L’Oreal и Амансио Ортега од модната малопродажна империја Зара се наоѓаат на 14-то и 23-то место на најбогатите луѓе во светот. Бетенкур Мејерс е и најбогатата жена во светот.

Десетте најбогати европски милијардери на листата на Форбс за 2022 година вредат вкупно 590 милијарди долари. За споредба, десетте најбогати американски милијардери вредат вкупно 1,2 трилиони долари. Имено, седум од десетте најголеми американски милијардери се технолошки тајкуни кои заработувале во годините по масовното усвојување на персоналните компјутери, интернетот и социјалните мрежи. Европа, за споредба, нема технолошки милијардери меѓу 10-те најбогати.

Ова се 10-те најбогати во Европа:

1. Бернар Арно (Луј Витон), Франција, 158 милијарди долари

2. Франсоа Бетенкур Мејерс (Л’Ореал), Франција, 74 милијарди долари

3. Амансио Ортега (Зара), Шпанија, 59 милијарди долари

4. Дитер Шварц (Лидл), Германија, 47 милијарди долари

5. Родолф Сааде (CMA CGM Group), Франција, 41 милијарда долари

6. Франсоа Пино (Kering S.A.), Франција, 40 милијарди долари

7. Клаус Мајкл Куне (Kühne + Nagel), Германија, 37 милијарди долари

8.Беате Хајстер и Карл Албрехт (Aldi), Германија, 36 милијарди долари

9. Џовани Фереро (Ferrero SpA), Италија, 36 милијарди долари

10. Ален Вертхајмер (Шанел), Франција, 31 милијарда долари

10. Жерар Вертхајмер (Шанел), Франција, 31 милијарда долари