Кои се десетте најсиромашни земји во светот?

221

Економската криза предизвикана од пандемијата особено ги погодува посиромашните земји од неколку причини: инвестициите од побогатите земји се намалуваат, меѓународните инвеститори го повлекуваат својот капитал.

Самите посиромашни земји немаат можност да инвестираат во развојни програми, а иселениците им испраќаат помалку пари на своите роднини во татковината. Сето ова може да има сериозни последици, особено за најсиромашните земји, предупредува Светска банка во неодамнешниот извештај.

Но, кои се најсиромашните земји во светот? Методите со кои се мери сиромаштијата се од широк спектар. Некои студии се фокусираат само на финансиски податоци. Други се засноваат на анкети за чувствата на испитаниците или ги земаат предвид факторите како што се пристапот до храна, образование и облека.

Ова рангирање го мери бруто домашниот производ (БДП) по глава на жител. Податоците на ММФ се од 2020 година, не се ажурирани од 2021 година.

„Најбогат“ од најсиромашните е Нигер во Западна Африка, каде БДП во 2020 година изнесуваше 568,49 долари по глава на жител. За споредба – истата година БДП по глава на жител во Германија изнесуваше 46.216 долари.

Оттаму следат Малави, Конго, Сиера Леоне, Централноафриканската Република, Мадагаскар, Мозамбик, Сомалија и Јужен Судан додека не се дојде до „шампионот“ Бурунди.

Во оваа земја БДП по глава на жител беше само 255,98 долари.