Кои се “ѓубре“ обврзници?

39

Фото: Pixabay

Таканаречените “ѓубре“ обврзници претставуваат хартии од вредност емитирани од компании што се сметаат за високоризични.

Кредитниот рејтинг на високо приходните обврзници ги става во групата на високо шпекулативни или се наоѓаат под инвестиционен ранг. Тоа значи дека шансата да не се наплатат овие обврзници е повисока отколку кај другите обврзници. Нивниот висок кредитен ризик значи дека овие обврзници имаат повисока заработка одошто обврзниците со повисок кредитен рејтинг.

Во портфолиото на еден инвеститор ако се најде ваква “ѓубре“ обврзница што генерира висок приходи го компензира ризикот од неуспех.

Овој вид на ризични обврзници се помалку привлечни за инвеститорите поради ризикот што го генерираат, но заради баланс може да се најдат во портфолиото.

Инвеститорите, повикувајќи се на своето искуство, сепак ги земаат предвид овие обврзници бидејќи сметаат дека носат голема заработка, а само мал дел од нив пропаѓа и останува ненаплатен.