Кои се клучни фактори за напредок во кариерата?

32

Секој сака да напредува, да знае повеќе, да биде на повисока позиција и да заработува повеќе. Прашањето е како тоа да го постигнеме.

Еве неколку клучни фактори што можат да помогнат во достигнување на професионален успех.

Познанства и податоци

Колку повеќе луѓе знаете, тоа подобро. Истото важи и за информациите. Ширете ја ваша мрежа на познанства и истражувајте го пазарот. Кога ќе ги имате вистинските податоци тогаш ќе знаете во која насока треба да тргнете.

Изјаснете се

Доколку имате нешто да кажете, слободно кажете го. Закажете состанок со претпоставен, колега и изнесете ги своите мислења и идеи на состаноците. Разговорот во живо е секогаш најдобра опција за постигнување на тоа што го сакате.

Прифатете критика

На критиката гледајте како на можност за подобрување и лекција од којашто може да се научи нешто. Не се отповарувајте со тоа кој ја дал критиката, и на кој начин го направил тоа. Фокусирајте се на тоа што корисно можете да извлечете од неа.

Самопромоција

Можеби нема пресудна улога, но начинот на којшто се облекувате, изгледате, движите и се однесувате придонесува за напредок во кариерата. Трудете се да се покажете во најдобро светло, бидете љубезни, културни и сигурни во себе.

Добра работна етика

Почитта се заслужува преку добрата работна етика. Ако сте доследни на ветеното, исполнителни и вредни, успехот нема да изостане. Покажете дека не се плашите од напорна работа и дека сте подготвени за предизвици.

Ментор

Добриот ментор е вистинска предност кога станува збор за напредок во кариерата. Не само што може многу да ве научи, туку ќе ви помогне да ги зграпчите шансите и најдоброто од секоја ситуација. Менторот ќе биде водич и поддршка низ тешките моменти и човек што ќе ве поврзе со луѓе на повисоки позиции.