Кои се најбогатите ергени во светот?

22

Млади, згодни и доволно богати да имаат што ќе посакаат – најбогатите ергени во светот.

Џек Дорси

DorseyJackTEDetroit-1024x748

Возраст: 36 години
Вредност: 1,1 милијарди долари

Со седиште во Сан Франциско, овој млад милијардер е основач на повеќе успешни компании од областа на технологијата вклучувајќи ги Twitter и Square.

Алехандро Санто Доминго Давила

NY STANDARD SOUNDS PERFORMS WITH DIEGO GARCIA

Возраст: 36 години
Вредност: 11,7 милијарди долари

Млад, згоден и со диплома од Харвард, тој господари со една од најголемите компании за производство на пиво лоцирана на Бару, приватен остров на Карибите.

Едуардо Саверин

Facebook Co-Founder Eduardo Saverin Speaks At CHINICT Conference

Возраст: 30 години
Вредност: 2,2 милијарди долари

Саверин поседува 5% од акциите на Facebook, од кои половина се веќе продадени. Студентот од Харвард се откажа од своето американско државјанство во 2011 и сега живее во Сингапур.

Алберт вон Турн унд Таксис

albert-von-thurn-und-taxis

Возраст: 29 години
Вредност: 1,5 милијарди долари

Алберт е еден од најголемите земјопоседници во Европа. Тој е страствен љубител на трки со автомобили и чест учесник на брзите патеки. И уште нешто, овој млад милијардер е принц.

Роберт Пера

appcrop_0201_MASP_geoff_fri[1]_t607

Возраст: 34 години
Вредност: 1,5 милијарди долари

Пера е хардверски инженер од Apple, кој стана успешен претприемач во областа на бежичниот интернет. Во 2005 тој почна да работи самостојно воден од идејата да обезбеди интернет пристап до новите пазари во светот. По шест години овој ерген се приклучи на листата на милијардери кога неговата компанија Ubiquiti Networks стана една од најпознатите во светот, во октомври 2011.

Џејми Џонсон

jeff_fried_photography-Jamie_Johnson-01

Возраст: 32 години
Вредност: околу 610 милиони долари

Еден од наследниците на Johnson & Johnson и познат продуцент на документарци. Три од нив се посветени за животот на супер богатите.

Скот Данкан

Scott-Duncan

Возраст: 30 години
Вредност: 5,1 милијарда долари

Наследник на бизнисот на неговиот покоен татко, Данкан е сопственик на Enterprise Products Partners, мега компанија за производство нафтени и гасоводни цевки.