Според последните податоци, најбогатите Германци се главните акционери на автомобилската компанија БМВ, Сузана Клатен и Штефан Квант, а нивниот имот се проценува на 40,5 милијарди евра, објави економскиот неделник „Виршафтсвохе“.
На второ место е основачот на синџирот супермаркети Лидл, Дитер Шварц, со имот од 39,5 милијарди евра.
На трето место е семејството Мерк, кое ја контролира истоимената фармацевтска и хемиска компанија со богатство од 32 милијарди евра.
Четвртото место го зазема семејството Рајман, во чија сопственост е холдинг компанијата ЈАБ – 30,5 милијарди евра, а на петтото место е претприемачот Клаус Мајкл Кине со 28,5 милијарди евра, пренесува Танјуг.