Кои се најбрзо растечки економии во 2022 година

114

Војната во Украина предизвика скапа хуманитарна криза, а економските последици од конфликтот ќе бидат значително забавување на глобалниот раст во 2022 година и дополнителна инфлација. Цените на горивата и храната значително се зголемија и силно ја погодуваат ранливата популација во земјите со ниски приходи.

Се предвидува глобалниот раст да се забави од проценетите 6,1 отсто во 2021 година на 3,6 отсто во 2022 и 2023 година. Ова е за 0,8 и 0,2 процентни поени пониско во 2022 и 2023 година, соодветно, од проектираното во јануари.

Инфлацијата се очекува да остане повисока од претходната прогноза, поттикната од растот на цените на суровините предизвикани од војната и зголемениот ценовен притисок.

За 2022 година, инфлацијата е проектирана на 5,7 отсто во развиените економии и 8,7 отсто кај новите и пазарите во развој, што е за 1,8 и 2,8 отсто повеќе од проектираната прогноза во јануари.

Гвајана, најбрзо растечката економија

И покрај економските трендови, некои земји успеваат да одржат висок економски раст.

Меѓу нив е и Индија, чиј раст на БДП е сè уште доста добар на глобално ниво, а се очекува таа земја да ја надмине Јапонија како втора најголема економија во Азија до 2030 година.

ММФ предвиде раст на индискиот БДП од 8,2 отсто во 2022 година, што ќе ја рангира земјата меѓу четирите најбрзо растечки економии во светот (од оние со БДП од 10 милијарди долари или повеќе во 2021 година).

Сметајќи ги сите земји, дури и малите островски држави, Индија сè уште е седма.

Најбрзо растечка економија во светот, според проекциите на ММФ, во 2022 година е Гвајана, со проектиран раст од дури 47,2 отсто.