Кои се најбрзорастечки професии

159

Бизнис мрежата на LinkedIn објави список на 15 најбрзорастечки занимања оваа година, a иако проценката се засноваше на податоците за корисниците на САД, со некои мали флуктуации во ранг, тоа важи и за глобалниот пазар на труд.

На списокот доминираат технолошките професии, инженерството, работи од STEM. Како што е познато, терминот STEM стана домашен кај нас и е составен од почетните букви од четири области: наука, технологија, инженерство и математика.

Има само неколку професии кои се на списокот, а не се од областа на технологијата.

Единствената професија со средно училиште што влегува во првите 15 е здравствен техничар. Оваа професија е рангирана на деветтото место и е особено барана во САД. Овие се луѓе кои ги посетуваат и им помагаат на лицата со аутизам или пациенти кои имаат други проблеми со менталното здравје на кои им е потребна асистенција, надгледување и помош.

Најбараната професија во светот, според анализата на LinkedIn, е експерт за вештачка интелигенција (годишна стапка на раст дури 74%), втората е инженер за роботика, а трета е научник за податоци.

Повеќе од 80% од најбараните занимања во Топ 15 се од ИТ професијата. На четвртото место е Full Stack развоен инженер. Овие се програмери кои одржуваат софтвер и го надградуваат, а петтиот е повторно од ИТ секторот – инженер за сигурност на веб-страници.

Следат претставник за развој на продажба, инженер за податоци, специјалист за безбедност на Интернет, директор за приходи, cloud инженер, програмер на JavaScript…

Фото: Pixabay