Кои се најдобрите изуми за 2012 година?

62

Не зборуваме за вселенски одела, роботи и слично, туку за навидум сосема обични, но импресивни и практични производи кои достојно си го заслужија местото помеѓу најдобрите изуми за 2012. Да видиме кои се тие.

Ораквик – брз тест за ХИВ

Доволно е само една капка плуканка и во рок од 20 минути може да види дали одреден организам е заразен со ХИВ, односно дали се присутни антитела кои укажуваат на инфицираност со смртоносниот вирус. Со овој изум нема потреба да се посетува лекар и да се потрошат повеќе денови за да се добијат резултатите. Во опремата за тестирање ќе најдете информации и телефонски броеви каде да се обратите доколку тестот е позитивен. Цената на производот е 40 долари.

 

Гуми што сами се пумпаат

Овие гуми на Goodyear самите “знаат“ кога треба да се напумпаат. Тие работат на тој принцип што доколку притисокот стане премногу низок во нив се отвора внатрешен регулатор на притисок со кој се пумпа воздух во гумена цевка, преку влезниот вентил во гумата. Штом ќе биде достигнато оптималното ниво регулаторот се затвора. Интересно е тоа што возачот не ни забележува дека нешто се случило со гумите од автомобилот.

 

Ликвиглајд – лизгава површина

За само 25 центи ќе можете да ја купите оваа лизгава површина, дело на пет студенти од бостонскиот универзитет МИТ и нивниот професор Крип Варанаши. Со здружени сили тие успеале да направат површина од која се се лизга без никаков проблем, кечап во шише, мајонез, сенф… Ликвиглајд претставува микроскопски тенка лизгава облога, со која може да се обложи скоро се: стакло, керамика, пластика или метал.

Ракавица која зборува

Овој изум е навистина за пофалба. Имено, четворица студенти од Украина направиле ракавица со која глувонемите лица можат да комуницираат со оние кои не умеат да го користат јазикот на знаците. На ракавиците има вградено сензори кои го препознаваат знаковниот јазик, го преведуваат во текст на смартфон, кој потоа истиот го претвора во изговорени зборови. Овој изум чини 75 долари.