Кои се најголеми увозници на чај во светот?

36

Увозот на чај во светот минатата година имаше вредност од 6,7 милијарди долари, што е за 5,5% помалку одошто во 2019 година.

Во светот најголем увозник на чај е Пакистан, којшто за таа цел потрошил 589,8 милиони долари.

Меѓу петте најголеми увозници на чај во светот се и: САД (473,8 милиони долари), Русија (412,2 милиони долари), Велика Британија (348,7 милиони долари) и Саудиска Арабија (243,6 милиони долари), покажуваат податоците на World’s top exports.

Од земјите во регионот, Грција увезла најмногу чај и тоа во вредност од 6,5 милиони долари, а по нејзе следи Бугарија до нешто над три милиони долари увоз на чај.

Фото: Pixabay