Кои се најголемите компании на територијата на поранешна Југославија

213

Најголема компанија на територијата на поранешна Југославија е словенечкиот нафтен гигант Петрол со приходи од 3,8 милијарди евра во 2021 година и добивка од 66 милиони евра, пренесува БизнисИнфо.ба.
Најголемата словенечка компанија е и прва на листата по вкупни приходи на сите компании на територијата на поранешната заедничка држава.

Во Хрватска најголема компанија по приходи е нафтената индустрија ИНА со нешто повеќе од 3 милијарди евра, со добивка од 169 милиони.

Најголема компанија во Србија според приходите е ЈП Електропривреда Србија со приходи од околу 2,8 милијарди евра. И покрај тоа, компанијата лани имаше загуба од 127 милиони евра.

Во Северна Македонија, лидер по приходи во изминатата година е  Џонсон Мети ДООЕЛ, со нешто повеќе од две милијарди евра, со речиси 80 милиони добивка.

Најголема компанија во Босна и Херцеговина е Бинго од Тузла, која лани остварила приходи од 716 милиони евра и добивка од 44 милиони.

Кога станува збор за Црна Гора, Електропривреда Црна Гора имала најголеми приходи од 392 милиони евра, со заработка од околу 47 милиони евра.