Кои се најголемите предизвици за фриленсерите

42

freelance

Фото: Pexels

Ако работите како фриленсер, имате можност да изградите свој бизнис, сами да го одредите работното време, изберете клиенти и условите за работа. Звучи одлично, но секој фриленсер на почетокот се соочува со одредени предизвици коишто на почетокот треба да ги совлада.

Што ако немам доволно искуство

Од ден на ден расте бројот на фриленсери и може да се чувствувате како мала риба во морето која тешко ќе најде ангажман. За да ја зголемите својата самодоверба и покажете дека имате нешто вредно да понудите, фокусирајте се на изградба на вашето портфолио. Покажете ги вашите квалитети и наведете ги сите квалификации (стекнати дипломи и сертификати), а знаењето што го поседувате е вредно одреден клиент да ве избере како соработник.

Како да ги стекнам првите клиенти

Ако сакате да работите како фриленсер, мора да изградите врски со клиенти (потенцијални и постоечки). Не треба да ве обесхрабри ако клиентите ве одбиваат, туку продолжете со својата потрага и откријте клиенти кои со задоволство би соработувале со вас. За да ги зголемите шансите да добиете ангажман и стекнете клиенти, потрудете се да испратите повеќе понуди. Добра тактика е да се поврзете со луѓе од вашата бранша. Изградете добри односи со колеги кои имаат слична професија, а тие ќе ги препорачуваат вашите услуги. Тоа за потенцијалните клиенти ќе биде знак дека сте квалитетен работник.

Што ако клиентите се незадоволни од сработеното

Прашањето што ги измачува фриленсерите е што би им се допаднало на клиентите, особено на оние со кои првпат соработуваат. Ако сакате да се претставите во најдобро светло и да го исполните она што се очекува од вас, разјаснете ги очекувањата. Испратете на клиентот примероци од ваши претходни проекти и прашајте го што точно очекува од вас. Откако ќе започнете да работите за него, барајте повратни информации за тоа дали се движите по вистинскиот пат или потребни се корекции. Побарајте конструктивни критики за да остварите најдобар резултат.

Што ако не успеам да ја завршам задачата

Стравот дека нема да успее да ја заврши задачата во дадениот рок е најголема грижа за секој фриленсер. Дури и најискусните фриленсери помислуваат на оваа негативна последица. Едноставно потрудете да го дадете својот максимум. Направете план на работа според кој ќе се раководите да ги завршите задачите во дадениот рок. За секој случај, направете и резервен план.