
Фото: Pixabay
Сингапур е најконкурентна земја во светот, оставајќи ги Хонг Конг и САД зад себе, покажуваат податоците на IMD World competitiveness rankings.
Оваа моќна град – држава минатата година беше трета најконкурентна земја во светот, но годинава ги симна САД од тронот, на којшто беа во 2018 година.
Во првата петорка најконкурентни економии се најдоа и Швајцарија (едно место повисоко од лани) и Обединетите Арапски Емирати (скок за две позиции во однос на 2018 година).
Од земјите во регионот, на листата се најдоа: Словенија (37), Бугарија (48), Романија (49), Турција (51), Грција (58) и Хрватска (60).
Од вкупно 63 земји во светот, на дното се најдоа: Бразил, Хрватска, Аргентина, Монголија и Венецуела.
IMD World competitiveness ranking е основан во 1989 година и анализира 235 индикатори за 63 земји во светот. Рангирањето предвид зема повеќе фактори, како што се: вработеност, невработеност, БДП, јавни расходи за здравство и образование, глобализација, корупција и слично.













