Кои се најплатени професии во ЕУ?

53

Во текот на 2018 година, индустријата на информации и комуникации беше најплатениот сектор во 12 од 27 земји членки на Европската, а втор најплатен во четири земји, покажуваат податоците на Eurostat.

Големи бруто заработки, исто така, се регистрирани и во секторот на финансиски и осигурителни услуги. Финансискиот сектор е најплатен во Франција, Унгарија, Малта и Шведска, а на второ место е во 16 земјите членки на ЕУ.

Високи плати, како што нотира Eurostat, има и во дејности поврзани со енергетика, гас, пареа и климатизација, којшто беше најплатен сектор во шест земји членки во Унијата.

Од друга страна, сместување и услуги за храна беше најмалку платената индустрија во рамки на земјите членки, освен во Грција, Малта, Словенија и Хрватска.

Најплатена дејност во Луксембург е образование, а оваа дејност е втора најплатена во Кипар во текот на 2018 година.

Фото: Pexels