Кои се најплатените спортисти во 2022 година

199

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Лионел Меси е најплатениот спортист во светот во последната година, објави магазинот Форбс.

Меси заработил 130 милиони долари пред оданочување, од кои 75 милиони се поврзани со плата, додека останатите 55 милиони долари ги заработил од разни спонзорства, пренесува Хина.

На второ место е Леброн Џејмс, кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, чиј приход е 121,2 милиони долари, но најмногу, или 80 милиони долари, доаѓаат од неспортски активности.

Кристијано Роналдо е трет по заработка со 115 милиони долари.

Неговата плата е 60 милиони долари, а уште 55 милиони заработува од спонзори.

Уште еден фудбалер е високо на листата – на четвртото место е Бразилецот Нејмар, чии вкупни приходи се 95 милиони долари, а 70 милиони долари отпаѓаат на неговата плата.

На списокот се четворица НБА играчи

Покрај Џејмс, уште тројца НБА кошаркари се на листата на 10 најплатени спортисти: Стивен Кари (вкупно 92,8 милиони долари), Кевин Дурант (92,1 милиони долари) и Џанис Антетокунмпо (80,9 милиони долари).

Седумкратниот победник на Супер Боул, Том Брејди е на деветтото место (83,9 милиони долари).

Посебно внимание привлекува Роџер Федерер, кој е на седмото место, а од тениските награди има заработено „само“ 700.000 долари.

Сепак, Швајцарецот е шампион по заработка надвор од тениските терени, со приход од 90 милиони долари.