Кои се најподготвени земји во светот за воведување на криптовалути

107

Порталот CryptoHead, откри кои земји се најподготвени да воведат криптовалути.

Од земјите на Балканот, Словенија се наоѓа во првите десет земји, односно на седмо место, а Хрватска е 13-та, Грција е 17- та најподготвена земја во светот за воведување криптовалути, според индексот Crypto-Ready, креиран од порталот CryptoHead.

CryptoHead го формира својот индекс врз основа на неколку фактори. Тие го земаа предвид бројот на банкомати кои се приспособени за криптовалути и колку се достапни за поголемата популација. Понатаму, тие разгледаа како владите на тие земји ги перцепираат криптовалутите од правна страна и дали тие можат да се користат во банките.

Тие истражија колку луѓето се заинтересирани воопшто за криптовалутите според бројот на пребарувања на Интернет во изминатата година, со што се проверуваше општиот интерес на населението за криптовалутите. На крајот, тие формираат индекс, односно бројка од 1 до 10 што кажува колку земјата е подготвена да воведе криптовалути.

Најподготвена земја во светот за воведување криптовалути е САД со индекс 7,13. САД имаат над 17.000 банкомати, најмногу во светот, кои се погодни за криптовалути. Американските закони се релативно поволни за криптовалутите и можно е да се користат во банките, а во изминатата година, онлајн пребарувањето за криптовалути скокна за 140 проценти.

Топ 10 земји според индексот Crypto -Ready, формиран од порталот CryptoHead:

САД (7.13)

Кипар (6,47)

Сингапур (6.30)

Хонгконг (6,27)

Велика Британија (6.06)

Ирска (6,05)

Словенија (5,96)

Австралија (5,94)

Германија (5,93)

Канада (5,86)