Кои се најпознати крипто милијардери?

111

Биткоинот од почетокот на годината забележа вртоглав раст, па повеќе од очигледно е оние кои се сопственици на криптовалути да имаат ќар од нагорниот тренд на овој пазар.

Магазинот Forbes одвои 12 милијардери кои може да се пофалат со “дебело“ салдо на своите сметки благодарение на криптовалутите.

Камерон и Тајлер Винклвос

Станува збор за двајца браќа близнаци и поранешни веслачи, кои го тужеле Facebook и добиле 65 милиони долари, а потоа тие пари ги претвориле во уште поголемо богатство, па така сега и двајцата имаат по три милијарди долари. Биткоини почнале да купуваат во 2012 година, по што ја отвориле и крипто менувачницата Gemini и аукциската платформа за дигитални валути Nifty Gateway.

Мајкл Сејлор

Сејлор е главен извршен директор на компанијата MicroStategy чија вредност се проценува на 2,3 милијарди долари. Биткоини купувал и пред тие да станат толку популарни, како за себе, така и за компанијата со што го зголемил растот на цените на нивните акции.

Метју Розак

Розак е заинтересиран за криптовалути уште од 2011 година. Неговото богатство се проценува на 1,5 милијарди долари. Тој е на чело на компанијата Bloq којашто е специјализирана за блокчејн инфраструктура, но и инвеститор во крипто стартапи.

Тим Дрејпер

Во 2014 година овој капиталист од Силиконската долина купил биткоини во вредност од 18,7 милиони долари, коишто пред тоа биле конфискувани од црниот пазар. Денес, неговите биткоини вредат 1,5 милијарди долари.

Сем Бенкам Фрајд

Тој е еден од најбогатите крипто милијардери. Има 22 години, заврши на американскиот универзитет МИТ, а “тежи“ 8,7 милијарди долари.

Брајан Армстронг

Тој е главен извршен директор и коосновач на Coinbase, чие богатство неколку пати е зголемено во последната година поради зголемениот раст на пазарот на криптовалути. Неговото богатство се проценува на 6,5 милијарди долари.

Меѓу најголемите крипто милијардери се и: Фред Ерсам (1,9 милијарди долари), Чанпенг Жао (1,9 милијарди долари), Бери Силберт (1,6 милијарди долари), Крис Ларсен (3,4 милијарди долари), Џед Мекејлеб (две милијарди долари).