Кои се највредни автомобилски брендови

97

Тесла е највредниот автомобилски бренд во светот во 2022 година, со вредност на брендот од 75,9 милијарди американски долари. Тојота, лидер во 2020 година, сега е на второто место со вредност на брендот од 33,11 милијарди долари, а следи  Mercedes-Benz со 30,35 милијарди долари, објави Statista.

На четврто место е BMW со вредност од 27,59 милијарди долари, додека вредноста на марката на петтопласираниот Ford е речиси двојно помала – 13,21 милијарди долари.

Останатите пет вклучуваат Хонда (11,12 милијарди долари), Ауди (10,67 милијарди долари), BYD (10,52 милијарди долари), Фолксваген (9,25 милијарди долари) и Порше (8,61 милијарди долари).