Кои се највредни брендови во 2022 година

139

Со пораст од 35% во однос на минатогодишниот извештај, Apple го задржа првото место во рангирањето на највредните брендови во светот, со вкупна вредност од 335,1 милијарди долари.

Ова, како што пишува Visual Capitalist, е највисоката вредност на овој бренд досега забележана во историјата на извештајот Global 500, кој Brand Finance го објавува секоја година од 2007 година.

Како една од најголемите светски технолошки компании, Apple доминира на пазарот на паметни телефони, особено во САД, каде што повеќе од 50% од оперативните паметни телефони сега се iPhone.

На второ место меѓу највредните брендови е Amazon, со вредност од 350,3 милијарди долари. Ова не е изненадувачки, имајќи предвид дека технолошкиот гигант често се пласираше околу Apple во рангирањето, а беше и на првото место во претходните изданија на извештајот.

Друг бренд што вреди да се истакне е TikTok. Компанијата  забележа зголемување на вредноста на нејзиниот бренд за 215% од година во година, што ја прави најбрзо растечки бренд на целата листа.

Помеѓу 2019 и 2021 година, оваа платформа доживеа вртоглаво растечка база на корисници од 291,4 милиони на 655,9 милиони за само две години. Ако овој раст продолжи, TikTok би можел да достигне речиси една милијарда корисници до 2025 година, според проекциите на Insider Intelligence.