Кои се новите директори на Голдман Сакс

98

Голдман Сакс ја објави својата нова класа на директори минатата недела.

Меѓу новите лица е група од триесетина луѓе, со неверојатни биографии, кои се подготвени да ја водат престижната банка на Волстрит до следната генерација, а ова се некои од најинтересните биографии на листата, пишува Business Insider.

Оние кои успеале да стигнат до ова место во своите кариери се несомнено ѕвезди во подем во своите области. Еден од луѓето на списокот е поранешниот шеф на кабинетот на поранешниот претседател Голдаман, Гери Кон, ветеран од администрацијата на Трамп, додека друг е носител на црн појас во неколку боречки вештини.

 Еве неколку млади лидери кои ќе ја водат банката:

Џема Волф и Стефан Ламберт

Џема Волф и Стефан Ламбер беа назначени на позициите на глобални ко-шефови на стратегијата за гранката на Голдман за управување со богатство и потрошувачи претходно оваа година.

Тоа е голема работа, бидејќи ги става на места каде што треба да бараат начини за проширување на еден од поважните бизниси на Голдман преку аквизиции. Волф дојде во Голдман, т.е. во групата за преглед на пазарот, уште во 2012 г. Како што брзо почна да напредува, таа стигна до позицијата потпретседател на стратешкиот тим во 2019 година.

Ламберт претходно се сметаше за инвестициски банкар фокусиран на секторот за финансиски услуги. Тој дојде во Голдман како практикант во 2013 година, а потоа стана аналитичар следната година. Тој дури се најде на листата на Форбс на „30 под 30“ на почетокот на годинава. Во изминатите години работеше на бројни проекти и аквизиции на Голдман, а воедно успеа да го освои и црниот појас во боречките вештини.

Шон Легистер

Легистер почнал да работи во Голдман во 2010 година и вели дека не се надевал на кариера во финансии.

Џастин Так

Откако преживеа тешка повреда на теренот, Дојстин дресот на американскиот фудбал го замени со одело и вратоврска. Како поранешен играч на НФЛ, тој се приклучи на Голдман Сакс и неговиот оддел за приватно богатство во 2018 година, откако магистрираше на Универзитетот во Пенсилванија. 38-годишниот татко на две деца е роден во Алабама, а кариерата во американскиот фудбал ја започнал на колеџ. Во интервју од 2019 година, тој истакна колку спортот и финансиите се слични. „Се е до односите“, рече тој, додавајќи дека „соработката со луѓе во соблекувалната помогна во финансискиот свет. Корелацијата помеѓу соблекувалната на НФЛ и средбата со клиентите е многу поголема отколку што очекував“.

Лалит Гурнани

Гурнани работи со полно работно време за Goldman Sahs од 2011 година, најпрво како стратегиски аналитичар. Пред седум години, Гурнани повторно се фокусираше на секторот технологија, медиуми и телекомуникации (TMT) во канцеларијата на Голдман во Сан Франциско.

На почетокот на оваа година, тој беше прогласен и за ѕвезда на Волстрит, а во едно интервју во септември, зборуваше за менторство на помлади кадри, среде приказна за лошите услови за младите луѓе во таа компанија. Во таа прилика, менторството го дефинира како можност да им се покаже на младите банкари како да се претстават на состаноци, како да започнат нови бизниси итн.

Ширен Шарма

Пред да се приклучи на Голдман во 2015 година, Шарма работеше во Баркли. Пред тоа, Шарма беше аналитичар во швајцарската банка UBS.