Кои се новите мерки во Грција што ќе стапат на сила од утре

49

Грција ќе го скрати ноќниот полициски час и ќе дозволи музика во отворените делови на локалот од 12 јуни, објавија тамошните власти.

Бидејќи епидемијата полека се смирува, мерките за превенција за ширење на короната полека се олеснуваат во Грција. Новата одлука, која треба да стапи на сила на 12 јуни, се однесува на музиката во кафеаните. Туристите секако ќе бидат среќни што ќе можат да уживаат во музиката на отворените делови од ресторанот наменети за гости.

Полицискиот час ќе трае од 1:30 до пет часот наутро.

“Постепено ќе ги олесниме мерките во следните недели“, рече Никос Хардалиас од Министерството за цивилна заштита, додавајќи дека полицискиот час најверојатно ќе биде целосно укинат од почетокот на јули.

Фото: Pixabay