Фото: Pixabay
Паметните телефони стануваат се поопасни по човековото здравје, предупредуваат психолозите. Зголемената употреба може да предизвика анксиозност, депресија или друго психичко пореметување.
Медицинската наука воведе и област наречена Technostress којашто ги проучува негативните последници на технологијата врз психичкото и физичкото здравје на корисникот. Сепак, најголемиот минус на мобилните телефони е нивното зрачење.
Еве кои се петте смартфони со најштетно зрачење според Tech Republic:
- T-Mobile MyTouch 3G
- Blackberry Curve 8330
- Palm Treo 600
- T-Mobile Shadow
- Palm Treo 650
Она што можете да го направите за да го намалите штетното дејство на паметниот телефон е да го држите уредот подалеку од вашето тело, да не го носите во џеб, туку во чанта, да зборувате преку звучник, а наместо јавување, одберете да испратите порака. Доколку мобилниот ви покажува послаб сигнал, тоа значи дека радијацијата е поголема.