Кои се просечните цени на бензините во Европа

17

Просечните цени на бензините во Европа за ноември 2024 година покажуваат значителни разлики меѓу земјите.

Хрватска бележи просечна цена на бензинот од 1,54 евра за литар, што е над просекот во регионот на Југоисточна Европа, објави SEEbiz.

Во споредба со соседните земји, Србија има пониска цена за 1,19 евра, додека во Северна Македонија цената е 1,26 евра за литар.

Сегашната цена на бензинот во Црна Гора е 1,42 евра за БМБ 95, односно 1,46 за БМБ 98 за литар, потсетува порталот Инвестор.ме.

Најскапо гориво во Европа се точи во Данска и Холандија, каде цената на литар еуросупер 95 е 1,93 евра. Следува Швајцарија со 1,86 евра и Норвешка со 1,80 евра за литар, пренесува Investor me.

За разлика од нив, најевтино е горивото во Русија, каде што цената е само 0,57 евра за литар.

И на светските берзи цените на нафтата пораснаа за околу 6 отсто минатата недела, достигнувајќи ги највисоките нивоа во последните две недели.

Цената на барелот на лондонскиот пазар порасна за 5,8 отсто на 75,17 долари, додека на американскиот пазар скокна за 6,3 отсто на 71,24 долари. Овој раст е поттикнат од растечките геополитички тензии, особено од ескалацијата на конфликтот меѓу Русија и Украина.