Кои се трите земји од каде ни доаѓаат најмногу туристи

383
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во март 2024 година изнесува 58 848, од кои 31.3 % се домашни туристи, а 68.7 % се странски туристи.
Најмногу туристи доаѓаат од Турција 6.592 и Грција 5.214. Од Србија земјава ја посетиле 3.784 и Бугарија 3.386 туристи. Првата петорка ја заокружува Германија со 1.879 туристи.
Бројот на ноќевањата во март 2024 година изнесува 114 615, од кои 36.0 % се од домашните туристи, а 64.0 % од странските туристи.
Во периодот јануари – март 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 14.4 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 8.6 %, а кај странските има зголемување за
18.0 %.
Во периодот јануари – март 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 14.8 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 14.2 %, а кај странските има зголемување за 15.3 %.