Кои се земјите со висок и среден ризик за коронавирус?

240

Властите во земјава упатуваат апел до сите македонски државјани кои живеат и престојуваат во земјите со висок и среден ризик да го одложат доаѓањето во земјава овој период.

Министерството за здравство објави листа на земји, коишто според бројот на заразени со коронавирусот, се од висок, среден и низок ризик.

Земји со висок ризик се: Кина, Италија, Иран, Јужна Кореја, Франција, Шпанија и Германија.

Меѓу земјите со среден ризик се најдоа: САД, Швајцарија, Јапонија, Данска, Холандија, Шведска, Велика Британија, Грција, Обединети Арапски Емирати, Словенија, Бразил…

Фото: Pexels