Кои земји се најдобри за стареење?

235

Во овогодинешниот Global Retirement Index на инвестициската банка Natixis, се наведува дека најдобра земја за стареење е Норвешка.

Оваа скандинавска земја е најдобра за пензионерите. Рангирањето опфати 44 земји ширум светот, а беа оценети фактори како што се здравјето, финансиите во пензија, квалитетот на животот и материјалната благосостојба во староста.

После тоа, беше доделена индексна оценка, при што 100 поени беа најдобриот можен резултат. Норвешка собра вкупно 81 бод, според Статиста.

Исланд имаше најголем пад оваа година и го зазеде третото место во 2022 година со вкупно 79 поени. Минатата година оваа островска земја имаше уште четири бода и беше на првото место во рангирањето.

И покрај загубата на бодови во однос на лани, Швајцарија и натаму е втора со 80 бодови. САД не се ни во првата десетка – со само 69 ​​бодови се на 18. место.

На 4. место е Ирска со 76 бодови, додека Австралија, Нов Зеланд, Луксембург и Холандија имаат по 75 бодови.