Кој авто бренд вреди најмногу?

90

Intebrand, компанија која со децении е еден од најпочитуваните консултанти за развој на брендови, објави уште еден годишен извештај во кој ги рангира 100-те највредни светски брендови и пазарната вредност на секој од нив.

Ова е веќе 24-та година како Interbrand го спроведува своето истражување, мерејќи повеќе од 100.000 различни критериуми за да добие релевантни резултати. Меѓу топ 50 брендови, 9 од нив се од автомобилската индустрија, а редоследот не е премногу изненадувачки.

Најдобрата марка и натаму ја држи јапонскиот автомобилски гигант Toyota, кој според проценките на Interbrand вреди дури 64,5 милијарди долари и се наоѓа на 6-то место во целина на листата на сите марки.

Само едно место позади е Mercedes-Benz, чија вредност е за околу 3 милијарди евра помалку од Toyota, но и повеќе од 10 милијарди повеќе од следниот на листата, BMW.

На  четврто место е единствената нетрадиционална автомобилска компанија, а тоа е, се разбира, Тесла. Вредноста на овој бренд се проценува на нешто помалку од 50 милијарди долари.

Петтата е Honda, уште една јапонска компанија која, додуша, својата репутација ја должи не само на автомобилите, туку и на другите производи како мотоцикли и авиони, туку и на силниот развој на технологијата за роботика.

Слично можеме да заклучиме и за 6-та марка на листата, а тоа е корејскиот Hyundai. Благодарение на неговото глобално присуство во речиси 200 земји во светот, со повеќе од пет илјади дилери, денес Hyundai е име кое вреди повеќе од 20 милијарди долари.

Во топ 10 има и три познати германски марки на автомобили, чија вредност е многу слична и изнесува околу 16 милијарди долари. Прво е Audi, на 7-мо место пред Порше (8-мо) и Фолксваген (9-то).

И конечно, листата на најголемите 10 ја заокружува еден од најважните производители во историјата на автомобилската индустрија, а тоа е американскиот Ford. А неговата вредност е многу блиску до 15 милијарди долари.

Следат Nissan, Ferrari, KIA…

Инаку, највреден бренд воопшто е Apple, кој е проценет на повеќе од 500 милијарди долари, а потоа следат Microsoft и Amazon.