Кој беше Дитрих Матешиц, најбогатиот Австриец и творец на пијалокот „што дава крилја“

Дитрих Матешиц, основач и косопственик на „Ред Бул“, почина на 79-годишна возраст по битка со тешка болест. Австриецот го основа „Ред Бул“ во 1984 година и го претвори во еден од најголемите и најпрепознатливите брендови во светот.

Матешиц е основач на Ред Бул, со кој влезе во светот на Формула 1 во последната деценија од минатиот век како спонзор на Заубер. Како основач на компанија за енергетски пијалоци во 1984 година, тој беше главната движечка сила зад влегувањето во светот на мотоспортот.

Во 2004 година, тој го купи тимот на Јагуар и го преименува во Ред Бул Рејсинг, за да стане светски шампион шест години подоцна со Себастијан Фетел како возач, а доминацијата на австрискиот тим продолжува до ден-денес.

Со Фетел четири пати ја освојуваше шампионската титула во конкуренција на возачи, но и во конкуренција на конструктори.

Покрај тоа, тој беше сопственик на фудбалските клубови Салцбург, Њујорк Ред Булс и Лајпциг, како и на хокеарскиот тим РБ Минхен.

Случајното патување во Тајланд во 1982 година ќе се покаже како пресвртница во животот на Матешиц. Сакал да знае зошто локалното население го привлекува негазираниот тоник наречен Krejting daeng, па го пробал и видел дека се чувствува поодморен откако го употребил. Недолго потоа, додека седел во барот на хотелот  во Хонг Конг, ја прочитал веста дека најголемиот корпоративен даночен обврзник во Јапонија таа година бил производител на овие тоници. Одеднаш му се појави идеја: ќе го продаде на Запад.

Во 1984 година, Матешиц стапил во контакт со Чалерм Јоовидја, тајландски бизнисмен кој го продавал овој тоник во Југоисточна Азија, и им предложил на двајцата да соработуваат и да го пласираат пијалокот на западниот пазар со една важна разлика: тој да биде газиран. Идејата му се допадна на Чалерм Јоовидја, и тие се согласија да инвестираат по половина милион долари за да воспостават партнерство 49/49, а останатите 2 отсто ќе му припаднат на синот на Чалерм Јоовидја.

Матешиц потоа се вратил во Австрија за да сфати како да го спакува пијалокот и да смисли слоган. За помош, тој се обратил до неговиот училишен пријател, Јоханес Кастнер, кој поседувал своја маркетинг агенција во Франкфурт.

„Тој рече дека нема пари, па се договоривме тој (Матешиц) да работи бесплатно за да ја исплатам мојата посветеност да работам во Ред Бул“, изјави Кастнер за Блумберг. Во текот на следната година и половина, Каснтнер и неговиот тим смислија околу 50 различни дизајни за Ред Бул, а Матешиц одлучи дека тоа ќе биде препознатлива сино-зелена боја со жолто сонце, дизајн кој сè уште го препознаваме како заштитен знак. од овој пијалок.

Krating Daeng, на кој се базира Ред Бул, е негазиран енергетски пијалок популарен во Тајланд и базиран на јапонскиот енергетски пијалок Lipovitan  и јужнокорејскиот Bacchus-F.

Овој пијалок првпат се појави во 1987 година во Австрија, почна да го освојува меѓународниот пазар во 1989 година, а во Соединетите Американски Држави се појави дури во 1997 година.

Овој пијалок својот успех го должи на маркетингот. „Ви дава крилја“ е познатиот слоган на Ред Бул и секогаш се појавува како дел од маркетинг практиката. Без разлика дали спонзорира трки со хеликоптери или екстремни спортови, Ред Бул стана синоним за брзина и големина.

Ред Бул чини речиси двојно повеќе од Кока-Кола, а тоа не е поради трошоците за производство. Дел од причината зошто е толку скап е поради брендирањето. Ред Бул сака да биде што е можно поразличен од другите пијалоци од истиот тип на пазарот, а во тоа му помага високата цена.