Kој беше првиот милијардер во светот

69

Додека денес светот разговара кој ќе стане првиот трилијардер, односно првиот човек кој ќе има богатство од илјада милијарди долари, вреди да се потсетиме кога го добивме првиот милијардер.
Имено, станува збор за Џон Д.Рокфелер кој стана првиот светски милијардер во 1916 година, најмногу благодарение на нафтениот бизнис.

Рокфелерите се американско индустриско, банкарско и политичко семејство, основано од Џон Д. Рокфелер (1839 – 1937) и неговиот брат Вилијам Рокфелер (1841 – 1922).

Познато е по своето богатство кое го стекнале во преработка и експлоатација на нафта и инвестиции во банкарскиот сектор.

Тие се вбројуваат меѓу најголемите светски приватни претприемачи во нафтениот бизнис кон крајот на 19 и почетокот на 20 век, главно преку компанијата Standard Oil.

Џон Д. стана првиот милијардер во светот во 1916 година, а во моментот на неговата смрт неговото богатство се проценуваше на 1,5 отсто од БДП на САД.

За време на неговиот живот важеше за најбогат човек, поради што со текот на времето стана позната изреката „богат како Рокфелер“.

Следните генерации на семејството во голема мера го намалија семејното богатство. Но нивното вкупно семејно богатство сè уште се мери во милијарди долари.

Благодарение на својата монополска позиција на нафтениот пазар (во САД имаше пазарен удел од приближно 90 проценти), Стандард Оил постигнуваше многу високи профити долги години, што им овозможи на Рокфелерите да реинвестираат во разни други активности. На крајот, во 1911 година, Врховниот суд на САД пресуди дека компанијата мора да се подели на 34 помали компании.

Фото: Facebook